357
Премиерот Зоран Заев денеска ги охрбри институциите да носат одлуки базирани на факти за случајот со уапсениот вработен во Кабинетот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
-Не ги знам сите детали за случајот со осомничениот вработен во Кабинетот на министерот за внатрешни работи, но ги охрабрувам институциите да спроведат темелна и професионална истрага и да носат одлуки базирани на факти. Нема место за толеранција на какви било незаконски дејства. Институциите мора да бидат целосно посветени во служба на граѓаните и во функција на владеењето на правото, напиша Заев на својата Фејсбук страница.