905
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ја претстави програмата на идната влада предводена од СДСМ.
Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека не бегаат од дебата за сите прашања, но дека според експертите кои ги консултирале, воведување двојазичност на банкнотите и на униформите на армијата е противуставно.
Претходно, лидерот на СДСМ рече дека програмата на идната влада ќе се темели исклучиво на Уставот на Република Македонија и во интерес на зачувување на нејзината унитарност.