Ахмети побарал да почне дијалог за конституирање на Собранието

by fokus 14:54
14:54

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, остварил средба со амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние, со кого разговарал за ситуацијата во земјата и во регионот и за итната потреба од решавање на политичката криза.

„Ахмети го информираше амбасадорот на Франција дека побарал од релевантните парламентарни партии да го започнат дијалогот со цел да се постигне компромис и што побрзо да заврши конституирањето на Собранието, како почетна точка за решавање на кризата. Ахмети го информираше амбасадорот дека со заедничката декларација не се прекршува уставниот поредок или карактер и е во целосна согласност со Охридскиот договор и Уставот на Република Македонија и претставува резиме на изборните програми на албанските парламентарни партии“, соопшти ДУИ.

Ахмети повторил дека Иванов и другите политичари не се осмелуваат политичката да ја претворат во етничка криза, и максимално треба да се воздржат од поттикнување омраза меѓу двете етнички заедници.

Поврзани новости