Заев: Нема да разговараме со криминалци без присуство на меѓународната заедница

by Фокус

Откако беше објавено дека утре ќе се одржи средба помеѓу Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, лидерот на СДСМ изјави дека тие нема да присуствуваат на средба со Груевски, доколку не биде присутен претставник на меѓународната заедница.

-Постојат разногласни иницијативи во ова време на длабока политичка криза. СДСМ ќе присуствува на лидерска средба со Никола Груевски само со меѓународно посредништво или конкретно со присутни луѓе од меѓународната заедница. Повеќе нема со криминалци да присуствуваме, директно да разговараме, да не снимаат на видео и тоа да го пласираат во јавноста, рече Зоран Заев.

Поврзани новости