Христијан Мицкоски нека излезе на избори и граѓаните да одлучат за потоа државата да биде стабилна, со сигурни институции, за да може со полн капацитет да се справи со сите проблеми, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев на ТВ Стар.
-Еве, ако сака Мицкоски, нека биде вака, јас нека сум виновен за се, јас сум виновен за корона кризата, јас го донесов вирусот од Кина. Но, дајте, исправени сме пред сериозни одлуки. Да го фатиме првиот можен момент, да излеземе на избори во интерес интерес на граѓаните и на државата – рече Заев.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ измислува секакви контрадикторни и нелогични услови и барања за да избега од избори поради, како што вели, поддршката што ја има СДСМ
-Според анкетите што ги правевме кон крајот на февруари, почетокот на март, СДСМ водеше со четири и пол проценти, сега резултатите покажуваат околу шест отсто. Но, за тоа е виновно и ВМРО-ДПМНЕ зошто во текот на целата криза само гледаа како да се изживуваат со ситуацијата. Да критикуваат, а не да помогнат во ова тешко време – истакна Заев.