629
Премиерот Зоран Заев денеска ги демантираше информациите за смена на вицепремиерот Хазби Лика и министерот за економија Крашник Бектеши.
-Во една политичка влада е нормално една партија да повлекува свои кадри, но за тоа треба да ме известат мене како мандатар. Јас за такво нешто не сум известен, што значи дека тие наводи не се точни – изјави Заев.
Тој додаде дека е многу задоволен од Бектеши, додека за Лика истакна дека редовно доаѓа на работа.