687
Премиерот Зоран Заев на прашањето дали ќе побара од функционерите да покажат пример и да останат дома за новогодишните празници, бидејќи сите вили се изнајмени, истакна дека очекува сите граѓани да прослават во кругот на своите семејства.
-Јас очекувам сите функционери да бидат добар пример за граѓаните. Кампањата не за џабе се вика „Празнувај одговорно“. Јас лично ќе бидам во мојот дом, со својата сопруга и со децата.
Неприкосновеноста на домот е уставна категорија. Дали ќе славиме дома или ако некој закупи вила и таму слави со своето семество, тоа е како дома. Ние не ги ограничуваме граѓаните да празнуваат, туку да не се групираат. Мерките се јасни и прецизни, истакна премиерот Заев.