752
Премиерот Зоран Заев денеска на Твитер објави став за ситуацијата со Израел и Палестина. Порача дека животите на луѓето се бесценети и насилството мора да запре.
-Со загриженост ги следиме случувањата во Израел и појасот Газа. Животите на луѓето се бесценети и затоа насилството треба да запре. Не смее да има толеранција за антисемитистички напади. Не смее да има толеранција за напади врз цивили на која било страна. Дијалогот е решение, напиша Заев.