393
Премиерот Зоран Заев по денешното судско рочиште за случајот Поткуп, во кој тој е обвинет за земање поткуп на на новинарско прашање за притворите на Митко Чавков, Крсто Мукоски, Сашо Василевски истакна дека тој не се соогласува со општество каде што притворот претставува казна.
„Јас верувам во транспарентни судски постапки. Испратив лична порака и пак повторувам, колку време се луѓето веќе во притвор, четири месеци. Значи, притвор треба да има само ако се мора, во други случаи не. Не сакам тоа да се сфати дека сакам да влијаам на судските процеси или на обвинителството – истакна Заев пред Кривичниот суд.