766
Судењето по тужбата за клевета што ја поднесе премиерот Зоран Заев против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е одложено за 20 ноември.
На денешното рочиште не се појави премиерот Заев, а како застапник на тужбеното барање дојде негов адвокат.
Николовски, пак, оцени дека тужбата е апсурдна и кажа дека досега нема пример каде премиер и лидер на владејачка партија тужи потпретседател на опозициска партија. Николоски бара Заев како тужител да биде повикан и да даде исказ во судот.
Заев го тужи Николовски за изјава дадена во август лани во контекст на случајот „Рекет“ во која го обвинува дека е на врвот на пирамидата што изрекетирала над 20 милиони евра. Заев како отштета бара 60.000 денари.