691
Од адвокатскиот тим на лидерот на СДСМ Зоран Заев потврдуваат дека тој го оддржа зборот оти повеќе нема да се јавува на суд секој понеделник во 9 часот, бидејќи не ја признава независноста на оваа институција.
– Судот во Струмица треба да го извести судот во Скопје, кој понатаму треба да одлучи за нова мерка. Но, за да се одреди притвор, судот треба да оцени дека се исполнети основните предуслови од Законот за кривична постапката. Не може да го притворат Заев ако судот не оцени дека постои опасност да се крие или да бега. Заев кажа каде ќе биде, па реално сметаме дека таква опасност нема – вели Филип Медарски, еден од адвокатите на Заев.