Заев не сака „план Б“: Мора да успееме во евроинтеграциите

by Fokus

Во моето скромно политичко искуство како претседател на Владата никогаш не сме разработувале „План Б“, затоа што тогаш би значело дека се откажуваме од „Планот А“, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали државата има „План Б“, ако во декември не започнат преговорите за членство со ЕУ.

– Не сакам да разговарам за план Б, мора да успееме, нагласи Заев по извршената обиколка на претоварна станица во Скопје, каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела.

Според него, единствена опција е со почитување и взаемно разбирање да се изнајдат решенија.

– Јас верувам дека постојат решенија и за овие прашања, коишто се сегашен предизвик, потенцира премиерот.

Поврзани новости