383
Се додека има мнозинство во Собранието, без разлика колку е тенко, предвремени избори нема да има, изјави премиерот Зоран Заев.
– Тенкото мнозинство беше и при формирањето на Владата, но тоа е демократија. Јас сум растоварен од тоа. Она што е важно дека јас како премиер не планирам 2018 година да има избори, туку да го оствариме тоа што им го ветивме на граѓаните за подобар живот. Треба да ги покренеме економските параметри на повисоко ниво и да им го подобриме животот на граѓаните кои и го очекуваат. До претседателските избори во 2019 година треба сите да се посветиме, власта и опозицијата, да одработиме за граѓаните – изјави Заев.