Лидерот на владејачката партија СДСМ, Зоран Заев не отстапува од избори летово и на лидерската средба предложиле неколку датуми за избори и порача дека не може да се избега од изборите.
После лидерската тој објасни дека сега кога се истрошени сите можности парламентот да биде свикан, изборите би се одржале во зависност од продолжувањето или не продолжувањето на вонредната состојба, односно 22 дена по завршувањето на вонредната состојба.
-Ако теоретски нема трета вонредна состојба, тоа значи дека изборите би се одржале 22 дена од 17 мај, односно на осми јуни, ако се прогласи нова вонредна состојба од триесет дена, изборите би се одржале на 7 јули, ако вонредната состојба се продолжи за две недели изборите би се одржале на 21 јуни, а ако се прогласи воредна состојба за плус една недела, тогаш изборите би се одржале на 14 јуни. Така стојат правните апсекти за кои се дискутираше, рече Заев.
Тој вели дека изборите дури и да бидат на 14 јуни, ќе има 30 дена да се испрати покана до ОБСЕ и ОДИХР, ДИК ќе има доволно време да продолжи со ажурирање на избирачкиот список. За него голем исчекор е што сите политичари изразиле доверба кон стручните комисии, но вели дека мора да се помириме со фактот дека мора да живееме со корона вирусот.
-Никој не може да каже кога ќе заврши корона кризата, сите ќе живееме со корона вирусот. Првиот важен момент и подготвен за избори треба да го прифатиме и да одиме на избори, порача тој.
На пораката од опозицискиот лидер, Христијан Мицксоки дека тој нема да биде премиер по цена на губење на човечки живот, Заев порача, „Ниту Мицкоски ќе биде премиер, ниту ќе починат граѓани заради изборите“.