Заев не оди на лидерска во Виена додека не се исполнат два услови

by Фокус

Социјалдемократскиот сојуз нема да се врати на преговарачка маса во Виена се додека не се исполнат два предуслови, шефот на државата Ѓорѓе Иванов не ја повлече срамната одлука за аболиција и се додека Трајко Вељановски не го свика Собранието да се поништи одлуката за распишување на изборите на 5 јуни, истакна лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција.

– Народ на улиците има се во поголем број. Апелирам на внимателност, на ненасилство, на мири протести. Сите сакаме Македонија да се врати во нормала и граѓаните да го добијат спокојот кој толку време го очекуваа. Ја почитуваме иницијатива на европратениците и на комесарот Хан за средба за договорот од Пржино во Виена. За СДСМ да учествува во Виена неопходно е да се исполнат два услова. Прво, Иванов да ги повлече сите одлуки за аболиција што ги донесе и второ, да се свика Собранието за да ја повлече одлуката за распишување избори на 5 јуни затоа што нема услови за тоа – рече Заев.

Поврзани новости