Заев не оди на „Отворен Балкан“ во Белград, ќе се именува друг претставник

by Fokus

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, кој синоќа поднесе оставка од таа функција, нема да дојде во Белград на 3 и 4 ноември, како што првично беше планирано, на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“, соопштија за Танјуг од канцеларијата. на македонскиот премиер.

-Господинот Заев нема да дојде во Белград со оглед на политичката ситуација, велат од кабинетот на Заев за „Танјуг“.

Оттаму додаваат дека на средбата во Белград ќе биде претставена Северна Македонија, а денеска или утре ќе биде одреден друг политички претставник.

Првично беше планирано македонскиот и албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама да ја посетат Србија на 3 и 4 ноември, на средба за иницијативата „Отворен Балкан“.

 

Поврзани новости