Заев: Не ни паѓа на памет да се приклучиме на Евроазиската унија

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, денеска негираше дека до Владата стигнала покана за приклучување во Евроазиската унија. При тоа Заев истакна дека Европската унија е единствената опција за Македонија и дека друга алтернатива нема.

-Нема таква покана, најверојатно има одбрамбен мембрана ѕид околу Владата кој не брани од таква покана. Памет не ни паѓа да се приклучуваме и се надевам таква покана нема ни да стигне – рече Заев.

Во врска со одлуката на собранискиот спикер, Талат Џафери, да ги распише изборите на 11 февруари, Заев додаде дека има доволно време протоклот за НАТО да пристигне до парламентот пред да биде распуштен.

-Останува надежта дека пријателска Шпанија ќе има успешни избори на 10 ноември, новиот мандатор освен што ќе биде преокупиран со создавањето нова влада, ќе мора да посвети време и на нас. Ако на 3-ти декември се конституира шпанскиот парламент, во декември ќе има време парламентот тоа да го направи. Верувам ќе се изнајде време до 15 мин или до саат. Ако не, пак, го имаме цел јануари како резерва, па дури и до 11 февруари, веруваме ќе се стигне тоа време – рече Заев во врска со четирите земји кои останаа, а кои треба да го ратификуваат протоклот за Македонија да стане членка на НАТО.

Поврзани новости