367
Не може да се истураат милиони евра во градот Скопје, а овде да нема вода за децата, светилка да нема, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев на митинг во Шутооризари.
-Заедништвото и единството се нашата предност и нашето богатство и тоа мора да го негуваме. Не сме само Македонци и Роми, вечерва го потпишавме и договорот со ДУИ кои ќе го поддржат нашиот кандидат за градоначалник, Курто Дудуш, со што победата овде во Шуто Оризари е извесна. Не само поради ова, туку и поради тоа што се охрабрија и граѓаните кои трпеа притисоци и гледаат дека повеќе нема потреба тоа да го прават – рече претседателот Заев.
Тој го посети и селото во рамки на Општина Бутел, Љуботен, од каде порача дека ќе ги развиваат и селските средини.