Заев: Не може да одиме на избори со повеќе гласачи отколку жители

by Фокус

-Треба да се заврши теренската проверка на избирачкиот список за да опстои обврската на сите политички чинители, како одговорни пред граѓаните дека се обезбедени фер, регуларни и демократски услови за одржување на наредните парламентарни избори. Не може Република Македонија повторно да оди на избори со 1 милион и 780 илјади гласачи, кога знаеме сите дека сме најверојатно помалку од 1 милион и 650 илјади жители во државата, рече денеска Зоран Заев при предавањето на материјалите во Специјалното обвинителство.

Тој додаде дека Анкетната комисија е формирана со цел политичка одговорност преку јавни искази на повидок на јавноста, како што е формирано Специјалното јавно обвинителство заради кривична одговорност, за се што е поврзано и што произлегува од содржината на неовластено прислушуваните материјали.

-Ова е сериозна работа. Меѓународната заедница истакна, препораката може да опстои и надежта за европска иднина на Р. Македонија, само ако се исполни императивот на договорот од Пржино, а тоа се кристално чисти избори, рече Заев.

Поврзани новости