Заев не го прифати беџот што му го поклони Мицкоски на крајот од дуелот

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, го одби беџот што му го подари лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на крајот од вечерашниот дуел на Канал 5.

-Се надевам со мирна совест ќе го носите на реверот – рече Мицкоски подавајќи го поклонот со државното знаме, кој Заев го врати.

-Нема да го носам бидејќи по устав државата е Република Северна Македонија – рече Заев по што Мицкоски го закачи беџот на своето одело и додаде:

-А после емисија може и да ме казните – рече тој.

Дуелот од два часа заврши сепак со подавање на рака од страна на двајцата лидери.

 

Поврзани новости