Мицкоски до Заев: Против вашиот татко имаше обвинение за кражба на електрична енергија

by fokus 21:31
21:31

Лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, во вечерашната дебата на Канал 5 ги извадија на површина семејните проблеми. Заев го обвини Мицкоски за непотизам бидејќи му би асистент на неговиот татко на Машински факултет и побара да поднесе оставка поради тоа.

Мицкоски врати со нови обвинувања.

- Advertisements -

-Изгледа вашите родители добро ве научиле. Имаше обвинение за кражба на електрична енергија против вашиот татко, па изгледа од него влечете пример како да живеете – рече Мицкоски обраќајќи му се на Заев и додаде дека како асистент бил избран на тајно гласање.

-Тоа не е криминал, криминал е да крадете електрична енергија – додаде Мицкоски.

Премирот Зоран Заев рече дека со пресуда се потврдило дека неговиот татко не е виновен за тоа.

 

Поврзани новости