646
Премиерот Зоран Заев не сакаше да ги коментира изјавите на функционерите од ДУИ, коалицискиот партнер во Владата кои во вчерашните изјави не го осудија вандализмот што се случи минатата недела на прославата на навивачката група „Шверцери“ во Македонскиот народен театар.
– Денеска имаме Влада, очекувам информации од министерството за култура, потпретседателот на владата и министерот за политички систем, (Садула Дураку) и од сите институции кои би можеле да имаат информации. Да видиме дали има штета. Да го видеме денеска извештајот, па потоа ќе ги дадеме ваквите коментари. Ако имало вандализам секој треба да го осуди, ако немало вандализам нема што да се осуди, изјави Заев.