Испишуваме историја, рушиме режим, отвораме пат на животот. Слушнете сите, денешниот марш, нашиот марш е марш на нашиот глас. Овој марш веќе најави: Гласот победува! Придружете се! Победува граѓанска Република Македонија, порача Зоран Заев, лидерот на СДСМ од денешниот марш во Скопје кој беше масовно поддржан не само од граѓани на главниот град, туку и од речиси сите градови во земјава.
Нашето оружје е нашиот глас, потсети Заев пред присутните пред Собранието.
„Денеска на овој светол датум 11 Октомври, гласно потврдивме: Да, борбата продолжува! Се излеавме илјадници токму денес на Денот на народното востание, на Денот на антифашистичкиот отпор, застанавме овде во паркот „Жена борец“ во чест на жените борци за да порачаме дека нивната борба за слобода е и наша борба за слобода. Тие се кренаа, се бореа и се изборија. И ние се кренавме, се бориме и ќе се избориме. Нашето оружје е нашиот глас“, рече Заев.