Талески не дојде на одбележувањето на 11 Октомври

by fokus

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески денеска не се појави на одбележувањето на празникот 11 Октомври.

Општинската делегација претпладнево положи цвеќе пред споменикот на НОБ и пред споменикот на народниот херој Стив Наумов во Битола, но градоначалникот не беше со нив.

Талески, од кога излезе од куќен притвор ретко се појавува во јавност. Претходно не се појави ни на отворањето на игралиште во Логоварди, каде му се спремаше герила акција.

Инаку, на чествувањето по повод 11 Октомври присуствуваа претставници од Сојузот на борци, Советот на општината, политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, како и од  и Левица чии претставници изрецитираа и песна за херојот Стив Наумов.

Поврзани новости