Заев: Нашата татковина има потреба од избори во првиот можен термин!

by fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, преку видео порака порача дека изборите се неопходни, и треба да се оддржат во првиот можен термин.

-Нашата татковина има потреба од избори во првиот можен термин за да го дочекаме новиот бран на коронавирусот наесен целосно подготвени.

На граѓаните и на државата им требаат институции со целосен легитимитет за да создадат услови за новата нормалност, со полн капацитет да го заштитиме здравјето на граѓаните и да ја рестартираме македонската економија, порача Заев.

Нашата татковина има потреба од избори во првиот можен термин за да го дочекаме новиот бран на коронавирусот наесен…

Publiée par Zoran Zaev sur Jeudi 28 mai 2020

Поврзани новости