740
„Јас и мојот мултиетнички народ сме навистина среќни луѓе“ е изјавата на Заев при добивање на наградата во Сараево, која предизвика големи реакции на социјалните мрежи кај македонската јавност.
Запрашан дали тоа било лапсус, премиерот даде објаснување зошто го употребил тој термин.
„Македонскиот народ е секој народ во Северна Македонија. Тоа е мултиетнички народ составен од Срби, Албанци, Бошњаци, Турци и други. Јас намерно го користам овој израз, сепак сите сме македонски народ, припадници на Северна Македонија“, рече Заев.