Заев најави укинување на министрите без ресор и воведување на отворен ден за граѓаните

by Фокус

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача вечерва претседателот Зоран Заев на трибината во општина Шуто Оризари.

– Сите седум министри без ресор, коишто дадоа резултат, но немаа свој капацитет поради инфраструктура, ќе ги укинеме како министерства без ресор, но ќе создадеме агенции, директорати за да работат уште повеќе – порача Заев.

Тој додаде дека зголемениот степен на отвореност и транспарентност не ѝ се допаѓа на ДУИ и затоа, според него, таа партија треба да оди во опозиција по изборите.

-Затоа што немаме време да чекаме, мораме да бидеме целосно отчетни. Ќе има комплетна транспарентност за сите лични трошоци за секој министер. Еднаш на секои четири месеци ќе има отворен ден за граѓаните за да можат да дојдат и да го решат својот проблем – заклучи Заев.

Поврзани новости