Заев најави средба со Мицкоски за СЈО и пописот

by Фокус

Премиерот Зоран Заев најави дека следната недела можно е да оствари средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со, како што рече, законот за СЈО, претстојниот попис и европските одлуки и очекувањата.

– Ќе разговараме и за пописот, за законот за ЈО, во кој е и проблемот со иднината на СЈО. Верувам дека ќе поразговараме и за Изборен законик, модел, да формираме групи. Имаме доволно долг период до редовните избори за посветено и професионално да се посветиме и да ги вградиме препораките дадени од ОДИХР. Ќе разговараме најверојатно и за други прашања кои веројатно и опозицијата ќе ги отвори. Треба да го држиме дијалогот отворен и на ваквите средби ќе ги најдеме решенијата што на која било од страните им претставува одредена резерва или грижа – изјави Заев.

Поврзани новости