Заев најави прослава во 15 градови низ Македонија оваа сабота

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, најави дека поканата за членство на Македонија во НАТО ќе се слави во 15 градови низ Македонија. Овие прослави премиерот неофицијално ги најави за во сабота.

По пристигнување на Самитот во НАТО со македонската делегација, Заев пред новинарите рече дека ова е историски ден за Македонија. Тој додаде дека македонските граѓани се најголемите поддржувачи на членството во НАТО и Европската унија.

Денеска се очекува генералниот секретар на Алијансата, Столтенберг официјално да ја врачи поканата за започнување на претпристапните преговори за членство во НАТО.

Поврзани новости