Полицијата пронашла мини и рачни бомби кај жител на Брвеница

by Фокус

Со наредба од Судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово, полициски службеници од тетовската полиција вчера извршиле претрес во стан и други простории кај Ѓ.С. (52), жител на тетовското село Брвеница.

Како што соопштија од МВР, при претресот биле пронајдени еден пиштол марка „Зброевка“ со калибар 7,65 мм и еден сандак од муниција во кој имало пет мини и две рачни бомби.

По завршување на претресот Ѓ.С. е лишен од слобода.

Поврзани новости