403
Службени возила, канцеларии и други јавни државни добра ќе бидат забранети за користење на претстојните локални избори, а за оние што ќе ја прекршат забраната ќе има нула толеранција, најави денеска премиерот Зоран Заев на конференцијата „Одвојување на државата од политичките партии“.
Премиерот соопшти дека Владата за реализирање на оваа цел донела упатство за забрането користење државни ресурси за лични и партиски цели.
-На овие избори нема да има уцени закани и заплашувања за државната администрација, рече Заев нагласувајќи дека определба на новата Влада е одвојување на државата од партијата.