Расправата заврши, огласот за јавен обвинител не се изгласа

by fokus

Откако беше исцрпена расправата за распишување на оглас за нов јавен обвинител, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата и најави дека пратениците дополнително ќе бидат известени за тоа кога ќе биде закажено нејзиното продолжение. По завршување на расправата, огласот треба да биде ставен на гласање.

Спикерот апелираше до комисиите кои расправаат за седумте предлог-закони, меѓу кои се трите социјални закони на Владата – за минимална плата, за стечајците и за укинување на радиодифузната такса, а кои се први точки на дневен ред на оваа седницата да известат до каде се со работата.

Пратениците од опозицијата и во попладневниот дел од расправата за огласување именување јавен обвинител на Република Македонија, побараа да се одложи оваа точка за после локалните избори и да се испочитува мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Поврзани новости