1.4K
Премиерот Зоран Заев во интервју за македонската редакција на „Дојче Веле“ најави нов економски пакет, кој вклучува и декриминализација и легализација на марихуаната во туристичките места.
„Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата постојни и нови, со почитување на одредени стандарди- вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“, вели Заев во интервјуто, додавајќи дека планот е да биде контролирано на сличен начин како во Амстердам.