Заев на средба со Милановиќ: Нема бегање од регуларни избори!

by Фокус

 

На Македонија и се потребни слободни и регуларни избори, зашто на тој начин ќе добие легитимна Влада што ќе може да ги развива овие цивилизациски придобивки на современиот свет, изјави лидерот на хрватските социјалдемократи и довчерашен премиер на Хрватска, Зоран Милановиќ, на денешната средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев.

– Правото мора да важи подеднакво за сите – рече Милановиќ.

Заев, пак, истакна дека излез од кризата мора да почне со повлекување на аболицијата и одложување на изборите.

– Власта на Никола Груевски го погази Договорот од Пржино, но тој ги содржи решенијата за политичката криза во Македонија. Мора да има регуларни избори, мора да се спроведат медиумски реформи и да почне одвојувањето на партијата од државата – потенцираше лидерот на СДСМ.

 

Поврзани новости