466
Премиерот Зоран Заев денеска остварил средба со амбасадорот на САД, Џес Бејли.
На средбата со амбасадорот Бејли, биле реафирмирани пораките од билатералната средба на премиерот Заев со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, дека Република Македонија може да смета на поддршката на САД за членство во Северноатланската алијанса.
Заев и Бејли, дискутирале и за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка кој го потпишаа Република Македонија и Република Бугарија и оцениле дека истиот претставува основа за проширување и унапредување на постојната соработка на земјите од регионот, како и тоа дека овој договор ги зајакнува напорите на Македонија за побрза интеграција во Европската Унија.