Заев на средба со Бејли: Демократските процеси во Македонија веќе никој не може да ги спречи

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски, денеска се сретна со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.

-Мнозинството граѓани во Македонија избра промени на парламентарните избори. Мнозинската волја на граѓаните мора да биде почитувана. Република Македонија ќе добие Влада којашто ќе работи во интерес на сите граѓани на Македонија. Граѓаните се определија за добар живот, за слобода, за демократија. Тоа што граѓаните не подлегнаа на манипулациите и провокациите изминатите денови е уште една потврда дека општеството е зрело за промени. Деновите што престојат ќе покажат дека започнатите демократски процеси во Македонија веќе никој не може да ги спречи, рекол Заев на средбата.

 

Поврзани новости