Камбовски: Изјавата на Груевски е неумесна

by fokus

Академик Владо Камбовски на денешната трибина во МАНУ како неумесна ја оцени изјавата на Никола Груевски пред ДИК. Сепак, Камбовски рече дека тоа било лична изјава.

-Ако беше дадена од државен орган, ќе ја осудев, но беше дадена од партиски лидер, а партиската политика има неограничени можности. Државните органи треба да водат политика која ќе го отсликува интересот на државата, а тој интерес е соработка и интеграција со ЕУ и НАТО, рече Камбовски.

Што се однесува до новата влада, тој појасни дека легитимна влада не се гледа само низ математички бројки, туку низ вредностите што треба да ги реализира, а пред сè, ЕУ и НАТО.

Поврзани новости