588
Премиерот Зоран Заев при неговото пристигнување на првиот Самит на НАТО на кој Македонија учествува како полноправна земја членка на Алијансата, додаде дека Македонија е посветена на изградба на Западниот Балкан на 21-от век, како регион на стабилност и просперитет за сите граѓани.
– Тука сме да ја потврдиме нашата обединетост, кохезија и солидарност во справувањето со идните предизвици. Ги делиме истите вредности и стоиме рамо до рамо во Алијансата, посветени сме на колективната безбедност, посилни сме заедно, рече премиерот пред почетокот на самитот.