508
Премиерот Зоран Заев синоќа присуствуваше на полноќната Велигденска литургија во храмот Свети Димитриј Мироточив и Свети Григориј Палама во Струмица.
– Најголеми пријатели на верата и на луѓето можат да бидат воздржувањето и одговорност. Навистина овие човекови вредности може да ги ослободат, да ги зајакнат и да го засилат душата и духот на овој голем празник. Нека е честит големиот Велигден. Христос Воскресе, изјави премиерот Заев.
Објавата за Христовото воскреснување тој ја пречека заедно со градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, пратеници во Собранието на Република Македонија, соработници и голем број граѓани.