Заев: На Избирачкиот список има над 100.000 непостоечки гласачи

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Ал Џезеира Балканс најави дека неговата партија нема да излезе на избори на 24 април од две причини: непрочистениот Избирачки список и регулацијата на медиумите.

-Прво е избрачкиот список кој не е прочистен и на него се наоѓаат мртви и избирачи пријавени по два пати, а такви според информациите кои ги има опозицијата се над 100.000 или 12 проценти. Изборите може да ги пресудат неколку проценти од гласачите и затоа опозицијата нема да се согласи да излезе на 24 април, рече Заев.

Според него, за прочистување на Избирачкиот список потребни се најмалку сто дена што значи дека изборите би биле на почетокот на летото.

-Се надеваме дека нема да има потреба за бојкот на изборите, знаат и малите деца дека не може да се исполнат условите до 24 април — прочиситување на избирачкиот список и регулација на медиумите. Но, ако има избори на 24 април опозицијата сигурно опозицијата нема намера да телевизија да ги гледа изборите, порача Заев.

Поврзани новости