363
Премиерот Зоран Заев синоќа присуствувал на ифтарска вечера во Сараево, во друштво на Денис Звиздиќ, претседател на Советот на министри на Босна и Херцеговина и со албанскиот премиер Еди Рама.
-На покана на претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, присуствував на ифтарска вечера во Сараево заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама.
Деновите на рамазански пости се потсетник дека милосрдието, почитта, солидарноста, добрината, љубовта и простувањето се вредности кои треба да ги почитуваме и кои не обединуваат како народи, напиша премиерот заев на фејсбук.