Заев на ХРТ: Горд сум што што симнавме режим со пенкало и глас

by fokus 23:44
23:44

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска гостуваше на Хрватската радио-телевизија каде што кажа дека е убеден дека ситуацијата во Македонија нема да ескалира.

-Уверен сум дека нема да има крвопролевање. Ако требаше да дојде до тоа ќе се случеше многу порано. Со многу трпение, со многу посветеност, внимателно, преку преговори дојдовме до тука. Среќен сум и горд поради тоа што ние симнавме режим со пенкало и со глас. Во овој момент мојот политички опонент алудира на поделба, на федерализиција. Нашиот концепт е Македонија за сите, а нивниот е Македонија на Македонците, рече Заев.

Тој порача дека не смее да се подлегне на провокациите што имаат за цел застранување од демократските процеси.

Поврзани новости