Наставнички пленум: МОН да ја спречи злоупотребата на учениците

by fokus

Наставничкиот пленум најостро ги осудува неодамнешните настани во училиштата во Скопје, Штип и Битола, во кои ученици основци и средношколци се злоупотребени за политички цели.

-Сметаме дека одредени политички групации грубо ги манипулираат и злоупотребуваат учениците, додека надлежното Министерство молчи. За Наставничкиот пленум сите наставници и директори кои ги користат учениците за нивните политички цели се срам за оваа благородна професија. Апелираме до нив да не ги изложуваат учениците на непријатни ситуации и го повикуваме МОН соодветно и навремено да реагира и да ги осуди ваквите настани, се вели во апелот.

Од Пленумот бараат од Народниот правобранител и од Хелсиншкиот комитет да ги истражат сите настани и да преземат соодветни мерки, како и да се известат сите странски амбасади за злоупотреба на малолетни лица во политички цели.

Поврзани новости