Лидерот на СДСМ, Зоран Заев предмалку пристигна во седиштето на ДУИ во Мала Речица, каде ќе има средба со Али Ахмети, јави ТВ21. Заев не кажа ништо пред почетокот на средбата, а ниту потврди дали ќе има изјави по завршувањето на разговорите.
Средбата меѓу Заев и Ахмети е во пресрет на финализирањето на преговорите околу формирањето на новата влада.
Иако партиите велат дека се блиску до договор, сепак законот за алабанскиот јазик се уште е отворено прашање. Детали никој не открива, а според ДУИ, тој е целосно усогласен со Уставот, но според СДСМ во одредени делови од него излегуваат од Уставот и се неприфатливи за партијата.
Откако ова прашање ќе се затвори меѓу преговарачите, ДУИ ќе треба да одлучи дали ќе му ги даде 10-те пратенички потписи на Заев за формирање на нова влада.
За јазичното прашање денеска СДСМ имаше средба и со Алијансата за Албанците, која попладнево му презентирала предлог-закон за албанскиот јазик, но не откриваат што содржи.