Заев: На Бадник и Божик ќе помагам на оштетените од трговскиот центар Глобал

by Fokus

Премиерот Зоран Заев најави дека од вечерва си заминува за Струмица, а утре и задутре ќе се стави на располагање да помогне на луѓето од трговскиот центар Глобал, чиј голем дел изгоре во пожар.

„Глобал е колективен центар. Многу е важно да се организираме солидарно и да им помогнеме економски. Глобал е симбол на модерна и европска Струмица. Денеска почнува организација за расчистување на центарот. Вечерва се враќам во Струмица и од утре ќе им бидам на располагање за секаква помош на оштетените од Глобал“, истакна Заев.

Поврзани новости