На 1 септември опозицијата се враќа во собрание, потврди за Телма лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Враќањето на СДСМ во Собранието е дел од договорот којшто четворицата лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи го постигнаа со посредство на меѓународната заедница.
Според договорот од Пржино опозицијата треба да се врати во Парламентот на 1 септември, а на 15 да се избере специјален јавен обвинител кој ќе работи на случаите со прислушувањето.
Заев за Телма рече дека токму тоа е и целта на враќањето на опозициските пратеници во собранието.
Работните групи на партиитите само еднаш го отворија прашањето за избор на специјален јавен обвинител, а лидерот на ДПА, Мендух Тачи неодамна изјави дека тие се далеку од договор и дека единстевен напредок е постигнат околу прашањата за изборите.
Работните групи треба да продолжат со работа на 17 август.