Заев му честитал на Петков, најавени повеќе работни групи

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска телефонски му го честитал изборот на новиот бугарски премиер Кирил Петков. Двајцата изразиле подготвеност да се забрза соработката меѓу Македонија и Бугарија и да се формираат повеќе работни групи од различни области.

-Во разговорот изразивме подготвеност да ја забрзаме нашата комуникација и соработка низ повеќе работни групи во областите на економијата, културата, здравството, енергетиката, инфраструктурата и други области од интерес на македонските и на бугарските граѓани.
Се согласивме да продолжиме да работиме на изнаоѓање прифатливо решение за деблокирање на постапката за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ и за нов позитивен импулс за зајакнување на билатералните односи меѓу нашите две земји, во име на заедничката европска иднина, соопшти Заев.

Поврзани новости