Заев: МТВ, Сител и Канал 5 работат по нарачки на Груевски

by Фокус

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев денеска објави нови аудио-снимки во кои на директен начин се покажува спрегата на Никола Груевски со медиумите, на кој начин се злоупоребуваат медиумите, јавниот сервис МТВ и приватните телевизии Сител и Канал 5.

Заев објави како првата полицајка Гордана Јанкулоска, шефот на кабинет на Груевски, Мартин Протоѓер и Груевски договараат кои новинари да се вработат во националниот сервис. Исто така, им се јавуваат на главните уредници на Сител телевизија Драган Павловиќ – Латас и главната уредничка на Канал 5, Лидија Богатинова какви прилози да пуштаат.

Заев најостро го осуди гнасниот чин во кој на новинарот Борјан Јовановски  и на неговото семесјтво му беше испратен погребен венец, на кој пишуваше „Последен поздрав“. Според него, власта е уплашена од тоа што се случува и веќе не знаат што да прават.

 

Поврзани новости