530
Премиерот Зоран Заев во интервју за неделникот „Фокус“ порача дека не ја исклучува можноста тој да бил сниман од бизнисменот Орце Камчев.
-Не можам да кажам дали ме снимал. Ако снима секаде, можно е и мене да ме снимал. Кога се влегува тука кај мене прво се оставаат телефоните, според процедура, за да може да имаме слободни состаноци, одоговори Заев на новинарското прашање, дали можеби Камчев го снимал додека му ги покажувал снимките.
Во однос на случајот „Рекет“ и средбата со Камчев, Заев наведе дека во текот на изборната кампања, Камчев побарал итна средба со него, се сретнале и бизнисменот му ги презентирал доказите на премиерот.
-Ги гледав, снимките и ги слушав, наведе Заев, посочувајќи дека уште следниот дека го пријавил случајот, бидејќи, како што рече, нели треба да бидеме пример како се постапува во вакви случаи, рече Заев.
Исто така Заев нагласи дека од тоа што го чул немало докази дали Катица Јанева е вмешана во случајот „Рекет“.
– Таму немаше докази, од тоа што го слушнав, дека Катица Јанева зела пари и дека е инволвирана во случајот. Јас и кон моите политички противници, секогаш сум ја почитувал пресумпцијата на невиност. Затоа што можете човек да го изнаказите буквално со зборови, посебно ако тоа го вели премиер. Јас морам да бидам внимателен. Пресумпцијата на невиност е многу важна. Јас сум еден од тие што почнуваше протести пред Специјалното јавно обвинителство. И верувам во целиот тој систем, одоговори Заев.
На прашањето дали како опозиција ја почитувале пресумпцијата на невиност и дека кога ги објавувале бомбите безмалку ги осудиле или ги обвинувалее функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, а сега и многу приватни разговори од тие преслушувани разговори одат во етер Заев вели дека секогаш ги избирале зборовите на нивните пресови, да кажат индиции што водат кон сомневање.
-Секоја прес-конференција завршуваше со спакувана папка и кривична пријава до Јавно обвинителство. Тогаш во Зврлевски немавме никаква доверба , впрочем за тоа беше СЈО на крајот формирано. Тоа беше филозофијата на објавувањето на т.н. бомби. истовремено сега жалам што истекуваат приватни разговори но кога ние ги објавуваме го правевме тоа со огромна доза внимателност, посочи премиерот. Во однос на тоа, дали Зоран Верушевски знае од каде протекуваат приватните разговори, премиерот наведе дека, една работа треба сите да ја знаат, дека минатата власт снимаше.
– А точно е дека тие разговори дошле до седиштетото на СДСМ со помош на професорот Верушевски, тоа е јавна тајна. Знам дека при претрес кај Горан Грујевски, тогашниот шеф на Петтата управа, беа запленети УСБ-а, хард-дискови, којзнае, секој можел да ги има тие разговори. Не сум разговал за тоа со професорот Верушевски. Тој е мој советник за национална безбедност, но дефинитивно сум убеден дека сето тоа што ние го поседувавме, стопроцентно е предадено во СЈО, истакна Заев.