1K
Темата околу бегството на поранешниот премиер Никола Груевски се уште е актуелна на Балканот и во Унгарија, а на денешната прес-конференција, премиерот Зоран Заев изрази сомнеж дека можеби Груевски бил киднапиран.
„Јавно го поставувам прашањето. Дали Груевски доброволно ја напуштил државата, или можеби бил киднапиран. Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговор“, рече Заев.
Премиерот Зоран Заев прашањето го поставува на 43 минута од видеото.